заврзе
заврзат; заврзи, заврзете; заврзав, заврзаа; заврзал; заврзан; заврзев, заврзеа; заврзел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9102
1.
Стегне, прицврсти со врзување.
Примери:
Рацете му ги заврза одзади.
Го заврза коњот за стеблото од буката.
2.
Замота, обвие нешто.
Англиски:
wrap
Албански:
mbështjell
Го разгради човекот и му ја заврза раната.
На главата беше заврзал чалма.
3.
Започне, поведе разговор, борба и сл.
Примери:
Никако не можеа да заврзат весел разговор.
Децата заврзаа снежен бој.
Сакаа да заврзат свој живот.
4.
Создаде, зафати плод, заврза.
Примери:
Јаболкниците веќе имаа заврзано плод.
Бостанот ги заврза првите плодови.
Слично со:
зафати (св.)
5.
(се заврзе) се заплетка, се врзе
Примери:
Конецот ѝ се заврза неколку пати.
Слично со:
заплетка (св.)
6.
(се заврзе) Се започне, се поведе разговор, борба и сл.
Примери:
Над самото село се заврза тешка борба.
Меѓу нив се заврза караница.
Изведенки
1.
заврзува несв.
(се) заврзуваат
(се) заврзуваат
2.
заврзување ср.
глаг. им.
глаг. им.