gnaw - онтологија

глода повеќе

глодаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Гризе, нагризува, кине со заби нешто тврдо.
Албански: gërmis
Примери:
Глувците глодаа по таванот.

гризе повеќе

гризат
Вид збор: Глагол, несвршен
глода, јаде
Албански: gërmis
Примери:
Кучето ја гризеше коската.

доглода повеќе

доглодаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изглода до крај.
Примери:
Кучето ја доглода коската.

заглода повеќе

Види и: глода (несв.)
заглодаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да глода.
Албански: brej
Примери:
Кучето ја заглода коската.
Почне душевно да измачува некого.
Албански: brej
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ја заглода жена си.

зајаде повеќе

зајадат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика немир, вознемиреност, грижа.
Албански: gërmis
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го зајаде мисла.

изглода повеќе

Види и: глода (несв.)
изглодаат
Вид збор: Глагол, свршен
Глода до крај, целосно.
Примери:
Кучето ги изглода фрлените коски.

оглода повеќе

оглодаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгризе, изеде нешто да крај со глодање.
Примери:
Месото беше толку вкусношто ги оглодавме и коските.

поглода повеќе

поглодаат
Вид збор: Глагол, свршен
Глода малку, кратко време.
Примери:
Поглода малку глувчето и се скри.

подгризе повеќе

подгризат
Вид збор: Глагол, свршен
Со гризење оштети одоздола.
Примери:
Глувците го подгризале килимот.

пооглода повеќе

Види и: оглода (св.)
пооглодаат
Вид збор: Глагол, свршен
Оглода, изгризе нешто во мала мера, донекаде.

струже повеќе

стружат
Вид збор: Глагол, несвршен
За црви, глувци, инсекти - произведува, оддава еднолични, монотони звуци гризејќи и правејќи дупки во нешто.
Албански: gërmis
Примери:
Во гредата струже некој црв.