струже
стружат; стружи, стружете; стружев, стружеа; стружел; стружен; стружејќи; стругав, стругаа; стругал; струган
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 8694
2.
Чисти нешто со струшка, нож и сл.
Примери:
Го меси лебот и фати да ги струже ноќвите.
4.
Изработува нешто со струг.
Примери:
Струже украсни столпчиња за оградата.
5.
Реже штици со пила од дрвени трупци, или дрво на помали парчиња.
Слично со:
реже (несв.)
6.
Ситни на ренде зеленчук или овошје.
Примери:
Го струже зеленчукот на ренде.
7.
Пушта непријатен, резок звук.
Примери:
Гласот му струже.
8.
Свири лошо на некој инструмент со жици.
Примери:
Везден стружеше на виолината.
9.
Испушти звук при спиење.
Примери:
Штом ќе заспие, веднаш почнува да струже.
Слично со:
крчи (несв.)
10.
За црви, глувци, инсекти - произведува, оддава еднолични, монотони звуци гризејќи и правејќи дупки во нешто.
Примери:
Во гредата струже некој црв.
11.
(се струже) Симнува од себе нечистотија со триење.
Примери:
Се струже со калта.