gorge - онтологија

грло повеќе

мн. грла
Вид збор: Именка, среден род
Тесен дел на поток, река и сл.
Албански: ngushticë, grykë
Употреба: Географија
Примери:
Прескокнаа кај грлото на потокот.

дервен повеќе

мн. дервени
Вид збор: Именка, машки род
Клисура, планински теснец.
Употреба: Географија

ждрело повеќе

мн. ждрела
Вид збор: Именка, среден род
Отвор, шуплина во земјата, влез во јама, пештера и сл.
Албански: zgavër
Примери:
Ждрелото на пештерата беше тесно.

кланец повеќе

мн. кланци
Вид збор: Именка, машки род
Теснец меѓу две планини или два рида.
Употреба: Геологија
Примери:
Водата тече во брзаци по тесните кланци, но на неколку места има брани со долги длабоки езера.

клисура повеќе

мн. клисури
Вид збор: Именка, женски род
Тесна и длабока речна долина со високи и стрмни страни.
Албански: grykë, klisyrë
Употреба: Географија
Примери:
Најпосле дојдоа до поточето што се спушташе низ скалестата клисура.

сатеска повеќе

мн. сатески
Вид збор: Именка, женски род
Мала река; теснец меѓу две планини.
Употреба: Географија
Примери:
Тесни сатески меѓу огромните карпи.

цифун повеќе

мн. цифуни
Вид збор: Именка, машки род
Тесен дел од река каде што е водата најсилна и најбрза.
Употреба: Географија