грло
мн. грла
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 771
1.
Горниот дел од внатрешноста на вратот што се наоѓа помеѓу усната празнина и хранопроводникот.
Примери:
Ме боли грлото кога голтам.
2.
глас
Примери:
Му зарипна грлото.
4.
Тесен дел на поток, река и сл.
Примери:
Прескокнаа кај грлото на потокот.
5.
Животно во стадо или крдило.
Примери:
Волците заклале 45 грла овци и јагниња.
Изрази
Викна колку што го држи грлото - викна на цел глас.
Му застана зборот (гласот) в грло - од преголема возбуда или страв не може да зборува.
Го стегна нешто во грлото - почувствува болка, тага, страв.
Стави нож под грло - доведе некого во тешка ситуација.
Коска в грло - голема пречка.
До грло - сосема, целосно.
Тесно грло - место каде што доаѓа до застој во сообраќајот, во производството и др.
Изведенки
грлце ср.
мн. грлца
дем.
мн. грлца
дем.