grab - онтологија

вгребе повеќе

вгребат
Вид збор: Глагол, свршен
дофати, зграпчи

вцрпи повеќе

вцрпат
Вид збор: Глагол, свршен
зграпчи

вчапи повеќе

вчапат
Вид збор: Глагол, свршен
зграпчи
Примери:
Мачката ја вчапи гулабицата и избега.

вчапне повеќе

вчапнат
Вид збор: Глагол, свршен
зграпчи, вчапи

вчепка повеќе

вчепкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Зграпчи, вчапи, грабне за гуша.
Примери:
Веднаш ја вчепкале и ја одвлекле.

граба повеќе

грабаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зема нешто насилно, брзо.
Албански: grabit, rrëmbej
Примери:
Го граба ножот од појас и се убива.
(се граба) Се бори за нешто, сака да земе нешто насилно.
Албански: grabit
Примери:
Како можело да се граба туѓо писмо и да се чита.

грабне повеќе

грабнат
Вид збор: Глагол, свршен
Одземе, земе нешто насилно, брзо.
Албански: rrëmbej
Примери:
Скокна и ја грабна слушалката.

дограпчи повеќе

Види и: зграпчи (св.)
дограпчат
Вид збор: Глагол, свршен
зграпчи, дофати
Албански: kap, merr
Примери:
Во трчање го дограпчи палтото и јурна низ вратата.
(се дограпчи) Дофати нешто.
Албански: kap, zë
Примери:
Со тешка мака се дограпчи за вратата.

докопчи повеќе

докопчат
Вид збор: Глагол, свршен
Дофати, зграпчи нешто.
Примери:
Го докопчал спуштеното јаже и го заврзал околу себе.

заграби повеќе

заграбат
Вид збор: Глагол, свршен
Зграби, зграпчи, земе нешто во заграб.
Албански: rrëmbej
Примери:
Не можев да го заграбам купот партали.
Грабне, присвои, земе нешто сосила.
Албански: rrëmbej
Примери:
Го заграбиле езерото како да е нивно.

зграби повеќе

зграбат
Вид збор: Глагол, свршен
граби
Албански: grabis, rrëmbej
Примери:
Зграби по угорницата и брзо стаса во селото.

зграпчи повеќе

зграпчат
Вид збор: Глагол, свршен
Брзо и со сила фати, земе нешто со раце.
Албански: kap
Примери:
Тој ја зграпчи и сосила ја бакна.

изнаграба повеќе

Види и: награба (св.)
изнаграбаат
Вид збор: Глагол, свршен
Награба многу, во голема количина.
Албански: grabis shumë
Примери:
Изнаграба набрзина сѐ што можеше да грабне.

кубне повеќе

кубнат
Вид збор: Глагол, свршен
Земе, грабне нешто малку од некого.
Албански: grabis
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сите околу нас се вртат и од нас сакаат да кубнат.

награба повеќе

награбаат
Вид збор: Глагол, свршен
Грабне многу, големо количество.
Албански: grabis shumë
Примери:
Награбале се од дома и тргнале да бегаат.
(се награба) Граба многу, до наситување.
Албански: grabis shumë

отима повеќе

отимаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се отима) Се граба за нешто.
Албански: grabis
Примери:
Жените се отимаа за лебот.