апсолвираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Заврши, завршува со слушање на предавањата на некој факултет.
Примери:
Откако апсолвира на Економскиот, тој се запиша на Правниот факултет.
дипломираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Положи, полага завршен испит на факултет, висока школа по кој се добива диплома.
Примери:
Дипломира на Филолошкиот факултет.
завршат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде до некој степен на образование.
Примери:
Таа заврши за болничарка.
магистрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Заврши постдипломски студии, добие степен магистер.
матурираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Заврши средно образование; полага, положи матура.
Примери:
Тој е роден во Велес, матурирал во Скопје и студирал право во Белград.