Образование - категорија

заврши повеќе

завршат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде до некој степен на образование.
Англиски: graduate Албански: arriti
Примери:
Таа заврши за болничарка.

зададе повеќе

зададат
Вид збор: Глагол, свршен
Постави, даде некому како задача да реши нешто.
Англиски: assign Албански: jap
Примери:
Би сакал да ми одговорите на прашањата што ќе ви ги зададам.

задача повеќе

мн. задачи
Вид збор: Именка, женски род
Училишна или домашна работа на ученик што треба да се реши, да се научи.
Англиски: assignment Албански: detyrë
Примери:
Тоа е најлесно решение на задачата.

занимална повеќе

мн. занимални
Вид збор: Именка, женски род
Просторија каде што престојуваат деца од предучилишна возраст, каде што се занимаваат со разни активности.
Англиски: activity room
Примери:
По појадокот, децата отидоа во занималната.
а - б - в - г - д - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш