grain - онтологија

гранула повеќе

мн. гранули
Вид збор: Именка, женски род
зрнце
Албански: granulë, kokërrizë
Примери:
Лекот беше во гранули.

житарица повеќе

мн. житарици
Вид збор: Именка, женски род
Растенијата од кои се добиваат зрнести плодови.
Албански: drithëra
Употреба: Ботаника , Земјоделство
Примери:
Нива засеана со житарица.

житарски повеќе

житарскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со жито.
Албански: drithi
Употреба: Ботаника , Земјоделство
Примери:
Житарски култури.

житен повеќе

житни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на жито, што е од жито.
Албански: drithi, drithërorë
Употреба: Ботаника , Земјоделство
Примери:
житен клас, житни култури

жито повеќе

мн. жита
Вид збор: Именка, среден род
Заеднички назив за едногодишните растенија чијшто зрнест плод служи за исхрана (пченица, јачмен, 'рж, овес, ориз, пченка).
Албански: drith
Употреба: Ботаника
Примери:
Житата почнале да растат.
Плод од житно растение, обично од пченица.
Албански: drith
Употреба: Земјоделство
Примери:
Извозот на жито, за разлика од минатата година, оваа година е послаб.
(зб. мн.) Нива посеана со пченица или житни култури.
Албански: fushë drithi
Употреба: Земјоделство
Примери:
По житјата веќе се гледаа жетвари.

зрно повеќе

мн. зрна
Вид збор: Именка, среден род
Ситен плод или семка.
Албански: kokërr
Употреба: Ботаника
Примери:
зрно грашок
Мал, најчесто сосема ситен предмет со топчеста или овална форма.
Албански: kokërr
Примери:
зрно песок
Нешто многу мало, трошка, ронка.
Албански: grimcë. kokërr
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во неговите зборови немаше ни зрно вистина.

зрнце повеќе

Види и: зрно (ср.)
мн. зрнца
Вид збор: Именка, среден род
зрно
Употреба: Деминутив
Примери:
Зрнце по зрнце со прстенцата го дробеше стиропорот во сините чиничиња.

јарма повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Брашно за добиток сомелено на јадро.
Употреба: Архаизам
Примери:
За воловите донесоа слама и јарма.

понарони повеќе

Види и: нарони (св.)
понаронат
Вид збор: Глагол, свршен
Нарони, изрони зрна во некоја мера.
Албански: grimcoj