жито
мн. жита
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 2448
1.
Заеднички назив за едногодишните растенија чијшто зрнест плод служи за исхрана (пченица, јачмен, 'рж, овес, ориз, пченка).
Примери:
Житата почнале да растат.
2.
Плод од житно растение, обично од пченица.
Примери:
Извозот на жито, за разлика од минатата година, оваа година е послаб.
3.
(зб. мн.) Нива посеана со пченица или житни култури.
Примери:
По житјата веќе се гледаа жетвари.
4.
Друг назив за пченица, растение и плод.
Слично со:
пченица (ж.)
5.
Варена и засладена пченица што се раздава за душа, за покоен.
Изведенки
житце ср.
мн. житца
дем.
мн. житца
дем.