мн. гранули
Вид збор: Именка, женски род
зрнце
Албански:
granulë, kokërrizë
Примери:
Лекот беше во гранули.
мн. житарици
Вид збор: Именка, женски род
Растенијата од кои се добиваат зрнести плодови.
Примери:
Нива засеана со житарица.
мн. жита
Вид збор: Именка, среден род
Заеднички назив за едногодишните растенија чијшто зрнест плод служи за исхрана (пченица, јачмен, 'рж, овес, ориз, пченка).
Примери:
Житата почнале да растат.
Плод од житно растение, обично од пченица.
Примери:
Извозот на жито, за разлика од минатата година, оваа година е послаб.
(зб. мн.) Нива посеана со пченица или житни култури.
Примери:
По житјата веќе се гледаа жетвари.
мн. зрна
Вид збор: Именка, среден род
Ситен плод или семка.
Примери:
зрно грашок
Мал, најчесто сосема ситен предмет со топчеста или овална форма.
Примери:
зрно песок
Нешто многу мало, трошка, ронка.
Примери:
Во неговите зборови немаше ни зрно вистина.
Вид збор: Именка, среден род
зрно
Примери:
Зрнце по зрнце со прстенцата го дробеше стиропорот во сините чиничиња.
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Брашно за добиток сомелено на јадро.
Примери:
За воловите донесоа слама и јарма.