guarantor - онтологија

гарант повеќе

мн. гаранти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што гарантира сигурност за извршување или плаќање на нешто.
Албански: garantues
Примери:
Тој ми беше гарант за кредитот.

жирант повеќе

мн. жиранти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што ја гарантира исплатата на меницата.
Албански: garant
Употреба: Економија
Примери:
Јас ја потпишав меницата како прв жирант.

ќефил повеќе

Вид збор: Именка, машки род
жирант, јамец
Турски: kefil Албански: garant
Употреба: Архаизам , Економија
Примери:
Стори ми се ќефил - биди ми жирант.