harden - онтологија

втврдне повеќе

Види и: стврдне (св.)
втврднат
Вид збор: Глагол, свршен
стврдне
Албански: forcohet, ngurtësohet
(се втврдне) се стврдне
Албански: forcohet, ngurtësohet

дрвоса повеќе

дрвосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да стане нешто тврдо како дрво.
Албански: forcoj
Примери:
Ја дрвосаа варта.

закорави повеќе

закорават
Вид збор: Глагол, свршен
Стане тврд, корав.
Албански: ngurtësoj
Примери:
Лебот закорави од долгото стоење.
За срце, душа, карактер - престане да чувствува, отрпне, стане бесчувствителен, отпорен на промени.
Албански: ngurtësoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Со годините срцето му закорави.

затврди повеќе

затврдат
Вид збор: Глагол, свршен
(се затврди) се зацврсти, се утврди
Албански: themelua
Примери:
Се затврди во него една тешка мисла.

затврдне повеќе

затврднат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане тврд.
Албански: forcohet, ngurtësohet
Примери:
Постепено меките гласови затврднале.

искали повеќе

искалат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некого да биде цврст, способен да издржи големи напори, тешкотии.
Албански: kalit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Војната ги искали борците.
(се искали)
Албански: kalitet
Примери:
Младото момче се искали низ војната.

кали повеќе

калат
Вид збор: Глагол, несвршен
Го прави цврст, способен за поднесување на тешкотии.
Албански: kalit, ngurtësoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Строгата дисциплина ја калеше силата на борците.

лојоса повеќе

лојосаат
Вид збор: Глагол, свршен
За маст, кога на одредена температура ќе се здрви или ќе се расипе.
Албански: forcoj
Примери:
Маслото лојоса.
(се лојоса) Се здрви, стане цврст.
Албански: forcohet

одрвени повеќе

одрвенат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане тврд, цврст.
Албански: forcohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Јазикот како да му одрвени, не можеше збор да проговори.

отврдне повеќе

отврднат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане тврд, потврд од порано.
Албански: forcohet, ngurtëzohet
Примери:
Кожата на чевлите отврднала.
(се отврдне) се стврдне
Албански: ngurtëzohet

позатврди повеќе

позатврдат
Вид збор: Глагол, свршен
Затврди нешто во поголем степен.
Примери:
Тој ги позатври сопствените позиции.

потстегне повеќе

потстегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да стане потврдо.
Албански: ngurtësoj
Примери:
Со тоа ќе го потстегнеш.
(се потстегне) Стане малку потврд.
Албански: shtërngoj
Примери:
Ќе почекате дури да се потстегне тестото.

стврдне повеќе

стврднат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да стане тврдо.
Албански: forcoj
(се стврдне) Стане тврд.
Албански: forcoj, ngurtësoj

стврднува повеќе

Види и: стврдне (св.)
стврднуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) стврдне