а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кали

калат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 23781
1. Дава на железото, челикот голема тврдост, цврстина, издржливост cо негово загревање на висока температура и брзо, нагло ладење во вода.
Англиски: temper Албански: kalit
2. Го прави цврст, способен за поднесување на тешкотии.
Англиски: harden Албански: kalit, ngurtësoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Строгата дисциплина ја калеше силата на борците.
3. (се кали) Станува посилен, поотпорен, поиздржлив; се зајакнува, се челичи.
Англиски: temper Албански: kalit
Примери:
Во битки се кали борецот.
Изведенки
калење ср.
глаг. им.