hat - онтологија

бомбе повеќе

мн. бомбиња
Вид збор: Именка, среден род
полуцилиндар
Употреба: Архаизам
Примери:
Луѓето ги оставаа парите во црно големо бомбе.

калпак повеќе

мн. калпаци
Вид збор: Именка, машки род
Bид свечена капа од крзно, опшиена со чоја, свила или кадифе и украсена со перја или златни синџири (како дел од униформа или народна носија).
Турски: kalpak Албански: kallpak
Употреба: Историја
Примери:
На црниот калпак му се вие висок пердув.

паларија повеќе

мн. паларии
Вид збор: Именка, женски род
Капа со козирка.
Употреба: Архаизам
Примери:
Наместо фес носеше паларија на главата.

шешир повеќе

мн. шешири
Вид збор: Именка, машки род
Капа со обод.
Албански: kapelë