heat - онтологија

врелец повеќе

мн. врелци
Вид збор: Именка, машки род
горештина
Албански: vapë
Примери:
пладневен врелец

врелина повеќе

мн. врелини
Вид збор: Именка, женски род
жештина, горештина
Примери:
Лозја исушени од врелина.

врелотија повеќе

Види и: врелина (ж.)
мн. врелотии
Вид збор: Именка, женски род
врелина

вруќина повеќе

мн. вруќини
Вид збор: Именка, женски род
горештина, жештина, врелина
Српски: врућина
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Надвор е вруќина.

горешник повеќе

мн. горешници
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) Деновите помеѓу 30-ти јули и 5-ти август кои се сметаат за најтопли.
Употреба: Екологија

горештина повеќе

мн. горештини
Вид збор: Именка, женски род
Врелина, жештина, висока температура на воздухот.
Употреба: Екологија
Примери:
летна горештина

жега повеќе

мн. жеги
Вид збор: Именка, женски род
Голема жештина предизвикана од сонцето.
Примери:
Го фати пладневната жега.

жештина повеќе

мн. жештини
Вид збор: Именка, женски род
Висока топлина на воздухот.
Примери:
Беше скоро Петровден, сезоната на жештини.

изгор повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Многу жешко време, летна горештина.
Албански: vapë
Примери:
На овој изгор не се работи.

пек повеќе

мн. пекови
Вид збор: Именка, машки род
Голема пекотина, горештина, жештина, врелина, жега.
Употреба: Разговорно
Примери:
(разг.) Пек јулски го пече.

припек повеќе

мн. припеци
Вид збор: Именка, машки род
(едн.) Силно припекување на сонцето.
Албански: vapë
Примери:
Летен припек.

топлина повеќе

топлината
Вид збор: Именка, женски род
Како вид енергија.
Албански: ngrohtësi, nxehtësi
Употреба: Физика
Примери:
Претворување на топлината во механичка работа.