hinder - онтологија

заглуши повеќе

заглушат
Вид збор: Глагол, свршен
За растение - едно растение спречи друго добро да се развива.
Албански: pengoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тревата го заглуши расадот.

задуши повеќе

задушат
Вид збор: Глагол, свршен
За растение - спречи, оневозможи развој.
Албански: pengoj
Примери:
Дивите тревки ги задушиле нежните фиданки на босилокот.

одмага повеќе

Види и: одмогне (св.)
одмагаат несв
Вид збор: Глагол, несвршен
одмогне
Примери:
Не помага, ама и не одмага.

плетка повеќе

плеткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се плетка) смета, пречи
Албански: pengoj
Примери:
Ми се плетка помеѓу нозе.

позабави повеќе

позабават
Вид збор: Глагол, свршен
Попречи некого и направи да се одвива нешто подолго од определеното време.
Албански: pengoj
Примери:
Финансиите го позабавија печатењето на учебникот.

попречи повеќе

попречат
Вид збор: Глагол, свршен
Спречи некого во намерите; стави пречка, оневозможи нешто да изврши.
Примери:
Очигледно е дека одбраната ги користи сите средства за да го одолговлече судењето или да го попречи докажувањето на убиството.

препречи повеќе

препречат
Вид збор: Глагол, свршен
Спречи движење некому.
Албански: pengoj

пречи повеќе

пречат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се јавува како пречка, претставува пречка.
Албански: pengoj
Примери:
Гранките ми пречат, морам да ги пресечам.

притесни повеќе

притеснат
Вид збор: Глагол, свршен
(се притесни) Се чувствува непријатно, се стега, се срами.
Албански: ngushtohem, turprohem

спрепне повеќе

спрепнат
Вид збор: Глагол, свршен
попречи
Албански: pengoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Само тој да не ме спрепне.