пречи
пречат; пречел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1503
1.
Нарушува нечие спокојство, одвлекува внимание.
Примери:
Еве ги новинарите што ѝ пречат на власта.
Ми пречи во работата.
Простете што ви пречам!
Детето не ми пречи во учењето.
2.
Се јавува како пречка, претставува пречка.
Примери:
Гранките ми пречат, морам да ги пресечам.
Му пречат мозолчињата.
3.
Не се согласува со некого, се спротивставува на нешто.
Англиски:
disagree,
oppose
Албански:
kundërshtoj, pengoj
Ми пречи неговата љубопитност.
4.
Има неповолно влијание врз нешто, не одговара.
Англиски:
bother
Албански:
shqetsoj, pengoj
Му пречи сонцето.
Му пречи мрсна храна.