if - онтологија

ако повеќе

Вид збор: Сврзник
Во зависносложена реченица го воведува условот искажан со зависната реченица, кој може или можел да се исполни, од што се определува и извршувањето или неизвршувањето на дејството во главната реченица.
Примери:
Ако го преживеам овој ден, ќе ти бидам благодарен целиот живот.
За означување услов во прашална реченица.
Примери:
Ако ме сретнеш, што ќе правиш?
Во зависносложени допусни (концесивни) реченици, со значење иако, макар што, при сѐ што.
Употреба: Разговорно
Примери:
Ако е големџија, и тој од збор се разбира.
Во зависносложени допусни (концесивни) реченици, за означување сопоставеност на две дејства.
Примери:
Ако пари немаме, барем љубов имаме.

ал повеќе

Вид збор: Честичка
При поставување прашање за изразување сомнеж, колебање и несигурност.
Употреба: Народна поезија
Примери:
Ал да јадам, ал да пијам.

да повеќе

Вид збор: Сврзник
Во условни зависносложени реченици, во реален и нереален услов (ако).
Примери:
Јас да бев на ваше место, би молчела и би работела.

доколку повеќе

Вид збор: Сврзник
За означување на можност, веројатност.
Примери:
Ја молам одбраната да продолжи со прашањата, доколку ги има.

ега повеќе

Вид збор: Честичка
Да би! Камо среќа.
Примери:
Стани Павле, ега жив не станеш.

лели повеќе

Вид збор: Сврзник
штом, кога (условно)
Употреба: Архаизам
Примери:
Лели не те поканил, не оди.

ли повеќе

Вид збор: Сврзник
За развивање условност.
Примери:
Почне ли да вика, ти стани и оди си.