illuminate - онтологија

засветли повеќе

Види и: засвети (св.)
засветлат
Вид збор: Глагол, свршен
засвети

илуминира повеќе

илуминираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Врши, изврши специјално осветлување на згради, простории, улици; прави илуминација.
Албански: iluminoj, ndriçoj
просветлува, инспирира
Албански: iluminoj, inspiroj
Употреба: Преносно значење

озари повеќе

озарат
Вид збор: Глагол, свршен
Одеднаш осветли нешто.
Албански: ndriçoj, shkëlqej
Примери:
Вратата се отвори и го озари силна светлина.

озрачи повеќе

озрачат
Вид збор: Глагол, свршен
Изложи на силна светлина.
Албански: ndriçoj, rrezatoj
Примери:
Ламбава ме озрачи, многу е силна.

осветли повеќе

осветлат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде светло, насочи; пушти светлина на нешто.
Албански: ndriçoj
Примери:
Таа ја осветли собата со газиена ламба.

поосветли повеќе

Види и: осветли (св.)
поосветлат
Вид збор: Глагол, свршен
Осветли малку, донекаде.
Примери:
Месечината му го поосветли лицето.

порасветли повеќе

Види и: расветли (св.)
порасветлат
Вид збор: Глагол, свршен
Расветли, опсипе малку со светлина.
Примери:
Сонцето ја порасветли собата.

посвети повеќе

посветат
Вид збор: Глагол, свршен
Свети малку, некое време.
Примери:
Посвети ми да отклучам.

расветли повеќе

расветлат
Вид збор: Глагол, свршен
Опсипе со светлина.
Албански: ndriçoj
Примери:
Месечина го расветли полето.
(се расветли) Се опсипе со светлина.
Албански: ndriçoj

светне повеќе

светнат
Вид збор: Глагол, свршен
(со свеќа, ламба) Направи да се види.
Албански: ndriçoj
Примери:
Светни ми малку со свеќата.