лепат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се лепи) се наметнува
Примери:
Тој секогаш се лепи каде што не е повикан.
наложат
Вид збор: Глагол, свршен
(се наложи) Се наметне, се постави над другите.
Примери:
Успеваше да се наложи со своите ставови.
наметнат
Вид збор: Глагол, свршен
Наложи, спроведе нешто по своја волја.
Примери:
Упорно настојуваше да го наметне своето мислење.
(се наметне) Се наложи, се постави над другите.
Примери:
Се наметна со својот директорски авторитет.
натрапат
Вид збор: Глагол, свршен
(се натрапи) Се придружи, се наметне во некоја средина против желбата на другите.
Примери:
Малку му беше што им се натрапи, не ги остави збор да кажат.
натурат
Вид збор: Глагол, свршен
наметне, октроира
Примери:
Тоа што случува е натурено од странците.
октроираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Наметне со сила, со едностран акт од повисоки структури.
Примери:
октроиран устав
опнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се опне) Се наметне некому, отиде некому без срам.
Примери:
Вечерта неколкумина од нив му се опнаа дома на разговор.
тупнат
Вид збор: Глагол, свршен
(со кратките форми за индиректен објект од личните заменки) бутне
Примери:
Му се тупна.
туткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се тутка) Оди кон некого наметливо.
удрат
Вид збор: Глагол, свршен
наметне
Примери:
Му удрија големи даноци на народот.