impression - онтологија

боја повеќе

мн. бои
Вид збор: Именка, женски род
Впечаток што го прави на слухот тонот, израз што се појавува во гласот, звукот, карактеристика на гласот.
Албански: ngjyra e zërit
Примери:
Му се смени бојата на гласот и тој збунето застана.

впечаток повеќе

мн. впечатоци
Вид збор: Именка, машки род
Чувство, слика, трага во свеста на човекот од нешто доживеано или осознаено.
Албански: përshtypje, mbresë
Примери:
Добие впечаток.
Влијание, дејство врз чувствата или однесувањето на некого.
Албански: përshtypje
Примери:
Беше под силен впечаток на случајот.

ефект повеќе

мн. ефекти
Вид збор: Именка, машки род
Впечаток предизвикан врз некого или нешто.
Албански: efekt, përshtypje
Примери:
Не знаеше каков ефект ќе предизвика неговата насмевка.

импресија повеќе

мн. импресии
Вид збор: Именка, женски род
Впечаток, претстава, влијание што го врши нешто (книга, слика, музика, пејзаж) врз некого.
Примери:
Часот го завршуваме со искажување импресии здобиени со читањето на драмското дело.

одблесок повеќе

мн. одблесоци
Вид збор: Именка, машки род
Нешто што остава трага.
Албански: përshtypje, mbresë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Поетски одблесок.

претстава повеќе

мн. претстави
Вид збор: Именка, женски род
Впечаток, слика, раширено сфаќање за нешто.
Албански: pasqyrë, impresion, përshtypje
Примери:
Оценките во дневникот ми дадоа јасна претстава за ученикот.