ефект
мн. ефекти
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1418
1.
Резултат од работа, последица од извршување на некакво дејство или процес.
Примери:
Работен ефект.
Очекуваше да го види ефектот на своите зборови.
2.
Впечаток предизвикан врз некого или нешто.
Англиски:
impression
Албански:
efekt, përshtypje
Не знаеше каков ефект ќе предизвика неговата насмевка.
Слично со:
впечаток (м.)