бунат
Вид збор: Глагол, несвршен
Поттикнува на бунт, бунтува.
Примери:
Тој отсекогаш го бунел народот.
буцнат
Вид збор: Глагол, свршен
подбуцне, провоцира
Примери:
Аџијата буцнал и им ја расипал свршувачката на младите.
возбунтуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Поттикне, крене бунт.
Примери:
Неговиот говор ги возбунтува луѓето.
збунат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика буна.
Албански:
rebeloj, ngrit
Употреба:
Ретко
Примери:
Тој ги збуни селаните против власта.
здупат
Вид збор: Глагол, свршен
Поттикне, натера некого на нешто.
Примери:
Жената го здупи да бара уште една нива.
Вид збор: Глагол, свршен
Обично за куче - даде наредба за напад.
Примери:
Кога им го насаска кучето, сите се разбегаа.
настрват
Вид збор: Глагол, свршен
Навикне некого на стрв, наостри за напад (обично за куче, пес).
Примери:
Го настрви кучето, никој во двор не може да влезе.
нашнат
Вид збор: Глагол, свршен
Насаска куче да нападне некого.
подзапалат
Вид збор: Глагол, свршен
(се подзапали) Се запали малку, нецелосно, само донекаде.
Примери:
Стрништето се подзапалило.
помамат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да биде помамен, похотен.
поспотнат
Вид збор: Глагол, свршен
Поттикне, подбуцне малку повеќе некого.
потпалат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика, поттикне, подбуцне нешто (војна, расправија, кавга, возбуда).
Примери:
Таа со своето прашање ја потпали кавгата.
Вид збор: Глагол, свршен
Спотне, распламти (оган, разговор) во мала мера.
Примери:
Го потспотна огнот.
поттикнат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде поттик за нешто, подбуди.
Примери:
Амбицијата ја поттикна на подобри резултати
предизвикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Побуди некакви чувства (болка, чудење, смеа, гнев, почит, воодушевеност); поттикне љубопитност, свест кон нешто.
Примери:
Предизвика сожалување.
саскаат
Вид збор: Глагол, несвршен
дразни, задева, гиба, нервира некого
Примери:
Немој да го саскаш.
Подбуцнува, наведува некого на непријателство со друг.
Примери:
Ги саскаше со измислени работи да се караат.