предизвика
предизвикаат; предизвикав, предизвика; предизвикале; предизвикан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1381
1.
Побуди некакви чувства (болка, чудење, смеа, гнев, почит, воодушевеност); поттикне љубопитност, свест кон нешто.
Примери:
Предизвика сожалување.
Предизвика страв.
Предизвика внимание.
Слично со:
побуди (св.)
2.
Стане причина или повод за нешто.
Примери:
предизвика кавга, предизвика збрка
предизвика пожар, предизвика судир
3.
Повика, наведе, поттикне некого на нешто, стане причина за возвратна, за соодветна реакција, постапка.
Примери:
Го предизвика противникот на двобој.
Го предизвика на борба.
Ја предизвика беарајќи објаснување.
Ме предизвикаа нејзините зборови и збеснав.
Слично со:
провоцира (св. и несв.)
Изведенки
1.
предизвикува несв.
предизвикуваат
предизвикуваат
2.
предизвикување ср.
мн. предизвикувања
Пример: полемички предизвикувања
мн. предизвикувања
Пример: полемички предизвикувања