беспартискиот
Вид збор: Придавка
Што не припаѓа на партија; што не се раководи од определени партиски принципи.
мн. вонпартијци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што не е член на ниедна политичка партија.
Примери:
На средбата со градоначалникот присуствуваа и вонпартијци.
инокосни
Вид збор: Придавка
Што не е член на задругата или колективот, што е самостоен.
Примери:
Тој праша како си дозволиле да закажуваат седница без да го повикаат него, инокосниот.
неангажираниот
Вид збор: Придавка
Што не е зафатен со работа, што е без задолжение, без обврска.
Примери:
Неангажиран работник.
независна
Вид збор: Придавка
Што не зависи еден од друг, без туѓо влијание во своето изразување и дејствување.
Примери:
Независна држава.
самостојни
Вид збор: Придавка
Што не е потчинет или зависен од некого или нешто.
Примери:
самостојна држава
Што се извршува со свои сили или по своја иницијатива.
Примери:
самостојна работа
Што е слободен од туѓо влијание или помош.
Примери:
Самостоен поглед на работите.
свои
Вид збор: Придавка
Што не паднал под туѓо внијание, доследен, верен на себеси, посебен, независен.
Примери:
И по долгиот престој во туѓина, остана свој.
слободни
Вид збор: Придавка
Кој не знае за гнет, ропство, експлоатација.
Примери:
слободна држава