самостоен
самостојни
Вид збор: Придавка
Ранг: 3384
1.
Што не е потчинет или зависен од некого или нешто.
Примери:
самостојна држава
2.
Кој е способен да дејствува сам, без туѓа помош или раководство.
Примери:
самостоен занаетчија
самостојни работници
3.
Што се извршува со свои сили или по своја иницијатива.
Примери:
самостојна работа
4.
Што е слободен од туѓо влијание или помош.
Примери:
Самостоен поглед на работите.