infect - онтологија

зарази повеќе

заразат
Вид збор: Глагол, свршен
Предаде, пренесе зараза некому.
Албански: infektoj
Употреба: Медицина
Примери:
Тој ги зарази и другите деца со жолтица.
Направи да биде нешто заразно.
Албански: infektoj
Примери:
Војниците го заразија бунарот.
Пренесе нешто некому.
Албански: infektoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неговата смеа ги зарази и другите.
(се зарази) Се разболи од заразна болест преку друго лице.
Албански: infektoj
Употреба: Медицина
Примери:
Тој се заразил со грип од колегата на работа.

зачуми повеќе

зачумат
Вид збор: Глагол, свршен
Се зарази, заболи од чума.
Албански: infektohet nga murtaja
Употреба: Медицина
Примери:
Зачумена куќа.

инфицира повеќе

инфицираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Предизвика, предизвикува инфекција, зарази, заразува.
Албански: infekton
Употреба: Медицина
(се инфицира) се зарази
Албански: infektohet
Употреба: Медицина
Примери:
Со вирусот на грипот се инфицирале многу граѓани.

нарази повеќе

наразат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика болест кај растенијата.
Албански: infektoj, moleps
Примери:
Росата само го нарази тутунот.
(се нарази) Добие болест, нараза (за растение, плод и сл.)
Албански: infektoj, sëmurem