infertile - онтологија

адам повеќе

мн. адами
Вид збор: Именка, машки род
неплоден, кастриран, скопен
Употреба: Архаизам
Примери:
Не ќе бидат сите мажи адами!

безлебен повеќе

безлебниот
Вид збор: Придавка
Што е без леб, безжитен.
Примери:
Безлебна година.

бесплоден повеќе

бесплодниот
Вид збор: Придавка
Што е без плод, неплоден.
Примери:
бесплодно растение

испостен повеќе

испостениот
Вид збор: Придавка
За почва - што станала неплодна по долго обработување.
Употреба: Земјоделство
Примери:
испостена нива

неплоден повеќе

неплодна
Вид збор: Придавка
Што не е плоден, што не раѓа, не се размножува.
Примери:
Неплодна кобила.

нероден повеќе

неродниот
Вид збор: Придавка
Што не раѓа или што раѓа слабо, малку.
Употреба: Биологија
Примери:
неродно дрво, неродна земја

стерилен повеќе

стерилна
Вид збор: Придавка
Лишен од способноста да оплодува.
Употреба: Медицина
Примери:
Стерилна клетка.