(се) изјагнат
Вид збор: Глагол, свршен
За овци - заврши со јагнење.
Примери:
Овците се изјагнија.
Вид збор: Глагол, свршен
Насее многу, во голема мера.
Примери:
Изнасеавме пченица на горните ниви.
изораат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со орање, со сѐ што било за орање.
Примери:
Орачите ги изораа нивите, дојде време за сеидба.
Вид збор: Глагол, свршен
Искрои лозје, исече прачки, ластари и сл.
Англиски:
prune
Албански:
pres, krasis
Примери:
Го ископа лозјето, ги изрежа ластарите.
мн. инкубатори
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за вештачко ведење на пилиња со помош на топлина.
(едн.) инкубацијата
Вид збор: Именка, женски род
Вештачко ведење на пилиња во инкубатор.
мн. инсектициди
Вид збор: Именка, машки род
Хемиско средство за уништување на штетните инсекти.
интензивни
Вид збор: Придавка
Што се одликува со висока продуктивност, што од помала површина добива поголем приход.
Примери:
интензивно земјоделство
(едн.) иригацијата
Вид збор: Именка, женски род
Наводнување на обработливата земја заради поголема плодност со помош на систем од канали.
иригациониот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на иригација.
Примери:
Иригационен систем.
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со калемење.
Примери:
Дедо ми ги искалеми крушите.
искосат
Вид збор: Глагол, свршен
Исече трева, детелина со коса, заврши со косење.
Англиски:
mow
Албански:
kosit
Примери:
Дедо ми ја искоси ливадата.
Вид збор: Глагол, свршен
Изреже, искастри растение.
Англиски:
cut up
Албански:
pres
Примери:
Треба навреме да го искроиме лозјето.
мн. испаши
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) пасење, напасување
Англиски:
grazing
Албански:
kullotë
Примери:
Пролетна испаша.
Место каде што пасе добитокот.
Англиски:
meadow
Албански:
kullotë
мн. испорци
Вид збор: Именка, машки род
Јагне што умира веднаш по ојагнувањето.
испостениот
Вид збор: Придавка
За почва - што станала неплодна по долго обработување.
Примери:
испостена нива
испостат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испости) За почва - стане неплодна од долго обработување без ѓубрење.
Примери:
Земјата се испостила.
мн. испусти
Вид збор: Именка, машки род
Оградена просторија во непосредна близина на штала каде што се пушта добитокот на чист воздух и сонце.
Примери:
Кога е топло времето, добитокот го чуваат во испустите.