innkeeper - онтологија

бифеџија повеќе

мн. бифеџии
Вид збор: Именка, машки род
Човек што држи бифе.
Албански: byfexhi
Употреба: Гастрономија

бифеџика повеќе

Види и: бифеџија (м.)
мн. бифеџики
Вид збор: Именка, женски род
Жена што држи бифе.
Албански: byfexhike
Употреба: Гастрономија

гостилничар повеќе

мн. гостилничари
Вид збор: Именка, машки род
Сопственик на гостилница.
Албански: mejhanexhi
Употреба: Гастрономија
Примери:
Стариот гостилничар го поздрави учтиво и го седна крај масата во аголот.

крчмар повеќе

мн. крчмари
Вид збор: Именка, машки род
сопственик на крчма
Примери:
Крчмарот ги наполни уште еднаш чашите.

крчмарица повеќе

мн. крчмарици
Вид збор: Именка, женски род
Жена крчмар, сопственичка на крчма.
Албански: pijeshitëse, kafexhikë
Употреба: Гастрономија
Примери:
Тој одвај чекаше да ја запознае крчмарицата.

пивничар повеќе

мн. пивничари
Вид збор: Именка, машки род
Сопственик на пивница.

угостител повеќе

мн. угостители
Вид збор: Именка, машки род
сопственик на угостителски објект
Албански: hotelier, pronar restorani
Употреба: Економија , Туризам

угостителка повеќе

Види и: угостител (м.)
мн. угостителки
Вид збор: Именка, женски род
жена угостител