inspect - онтологија

доразгледа повеќе

Види и: разгледа (св.)
доразгледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Разгледа целосно, до крај.
Примери:
Ги доразгледа понудените слики и одлучи да купи една.

подзагледа повеќе

Види и: загледа (св.)
подзагледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Загледа малку, донекаде со нагласен интерес.
Албански: shikon, vështron
Примери:
Го подзагледа часовникот што сакаше да го купи, добро, од сите страни.

прегледа повеќе

прегледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Разгледа определен простор, извиди определена состојба.
Албански: kontrolloj, inspektoj
Примери:
Ги прегледа сите простории на зградата.

приѕира повеќе

приѕираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Гледа, посетува краткотрајно.
Примери:
Секогаш приѕираше за да види како врви работата.