а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

загледа

загледаат; загледал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1136
1. Почне да гледа (во) нешто со некакво внимание, со некаков интерес.
Англиски: look Албански: shikon
Примери:
Го загледа писмото од сите страни.
2. Здогледа, забележи со поглед.
Англиски: see Албански: sheh
Примери:
Во белината загледа две темни точки.
Го загледа некаде долу во ливадата.
Во ожниената нива загледав еден човек.
3. (се загледа) Насочи поглед, внимателно, упорно гледа во некого или во нешто.
Англиски: stare Албански: vështron
Примери:
Се загледав горе во чардакот.
Им се загледа право во лицата.
Застана и се загледа наоколу.
4. (се загледа) Почне да се гледа еден во/со друг, меѓу себе.
Англиски: watch Албански: vëzhgoj
Примери:
Hие се загледавме, меѓу себе, зачудени.
Тие двајцата се загледаа еден во друг.
5. (се загледа) Се заљуби во некого.
Англиски: fancy Албански: pëlqej
Примери:
И двајцата браќа се загледаа во иста девојка.
Изведенки
1. загледува несв.
(се) загледуваат
2. загледување ср.
глаг. им.