inspire - онтологија

вдахне повеќе

вдахнат
Вид збор: Глагол, свршен
Разбуди, оживее во некого нешто, некакво чувство, мисла.
Албански: inspiroj, frymëzoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа мора да им вдахне поголема самодоверба.

вознесе повеќе

вознесат
Вид збор: Глагол, свршен
Истакне, искаже голема пофалба.
Албански: frymëzoj, lavdëroj
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Тој ги вознесе најдобрите ученици.

воодушеви повеќе

воодушеват
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика силна возбуда, занес, восхит.
Албански: frymëzoj
Примери:
Младиот пијанист со својата изведба ја воодушеви публиката.

восхити повеќе

восхитат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика восхит кај некого, воодушеви, занесе.
Албански: frymëzoj, magjeps
Примери:
Сите беа восхитени од радост.

загрее повеќе

загреат
Вид збор: Глагол, свршен
(се загрее) се воодушеви, се заинтересира
Албански: frymëzoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој брзо се загреа за таа работа.

инспирира повеќе

инспирираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Поттикне, поттикнува, служи како инспирација.
Примери:
Тој систем бил инспириран од играта со карти наречена „Пасијанс“.

окрили повеќе

окрилат
Вид збор: Глагол, свршен
Исполни со полет, надеж, воодушеви.
Примери:
Последните случувања го окрилија во неговите намери.

пали повеќе

палат
Вид збор: Глагол, несвршен
воодушевува
Албански: më kall, frymëzon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Такви зборови палат.

раководи повеќе

раководат
Вид збор: Глагол, несвршен
вдахновува, инспирира, упатува.
Албански: inspiron, drejton, frymëzon
Примери:
Само таа идеја ме раководеше.