а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пали

палат; палел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1797
1. Прави нешто да гори.
Англиски: ignite Албански: kall, ndez
Примери:
Пали оган, цигара.
2. Уништува со огин.
Англиски: burn Албански: kall, djeg
Примери:
Пали села и градови.
3. Прави нешто да гори, да свети.
Англиски: light up Албански: ndezë
Примери:
Пали свеќа, кандило.
4. Прави оган во нешто за да се вжеже.
Англиски: heat Албански: nxeh
Примери:
Пали печка, ќумбе.
5. Пушта мотор во дејство.
Англиски: start Албански: ndezë, starton
Примери:
Пали мотор.
6. (за пушка, топ) пукај! стрелај!
Англиски: fire Албански: shtie
Употреба: Воен термин
Примери:
Пали!
7. (за сонце) жеже, пече
Англиски: burn Албански: djeg, përzhit
Примери:
Сонцето пали.
8. боли, гори
Англиски: hurt Албански: djeg
Примери:
Ме пали нешто в грло.
9. (за пиперка или зачин) лути
Англиски: burn Албански: djeg
Примери:
Овие пиперки палат.
10. воодушевува
Англиски: inspire Албански: më kall, frymëzon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Такви зборови палат.
11. одлучува, наредува
Англиски: boss Албански: kall, urdhëron
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој пали, тој гаси.
12. (се пали) се воодушевува
Англиски: excite Албански: nxeh, ngacmoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Бргу се пали!
Изрази
(посл.) Кој се фали, (тој) не пали.