intention - онтологија

интенција повеќе

мн. интенции
Вид збор: Именка, женски род
Намера, стремеж, насоченост кон постигање на некоја цел.
Примери:
Нашата интенција е да ве запознаеме со проблемите во здравството и да се обидеме да ги надминеме.

калкулација повеќе

мн. калкулации
Вид збор: Именка, женски род
намера, план, комбинација
Албански: qëllim, synim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тие сметаа дека во калкулацијата треба да се пресмета и извонредната хируршка вештина на дворскиот советник.

кана повеќе

мн. кани
Вид збор: Именка, женски род
намера
Албански: qëllim
Употреба: Разговорно

кроеж повеќе

мн. кроежи
Вид збор: Именка, машки род
намера, план
Албански: synim, plan
Употреба: Преносно значење
Примери:
Јас не знам каков кроеж криеш ти?

мисла повеќе

мн. мисли
Вид збор: Именка, женски род
намера, цел
Албански: synim, qëllim
Примери:
Со мисла сме да го продадеме станот.

намера повеќе

мн. намери
Вид збор: Именка, женски род
Замисла, решеност да се направи, да се постигне нешто.
Албански: qëllim
Примери:
Има добра намера.

намерение повеќе

Види и: намера (ж.)
мн. намеренија
Вид збор: Именка, среден род
намера
Употреба: Архаизам

намисла повеќе

мн. намисли
Вид збор: Именка, женски род
Мисла, помисла за нешто, за некоја намера.
Примери:
Добра намисла.

ниет повеќе

Вид збор: Именка, машки род
намера, решеност
Турски: niyet
Употреба: Архаизам , Неменлив збор , Разговорно
Примери:
Имам ниет да ја завршам оваа работа.

сметка повеќе

мн. сметки
Вид збор: Именка, женски род
намера
Албански: qëllim
Употреба: Разговорно
Примери:
Дојде со таква сметка.

умисла повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Општо, свест и намера при извршувањето на нешто, обично лошо.
Албански: paramendim

цел повеќе

мн. цели
Вид збор: Именка, женски род
намера, умисла
Албански: qëllim
Примери:
Нивната цел беше јасна: да го омаловажат успехот.