мн. интонации
Вид збор: Именка, женски род
Различен начин на повишување и снижување на гласот при говорење, изразување чувства, расположби.
Примери:
Се чувствува тажна интонација кај македонските народни тажачки.
Ритмичко - мелодиска страна на реченицата што зависи од повишувањето или снижувањето на тонот при изговарањето различни видови реченици.
Примери:
Прашална интонација.
Музикален акцент, карактеристичен за некои источни јазици.
Звучење на музички инструмент при свирење и на глас при пеење.