jam - онтологија

впика повеќе

впикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Втера, внесе сосила.
Албански: fus, shti
Примери:
Го искачи по скалите и го впика во една од собите.
(се впика) Се втера, се смести со напор некаде.
Албански: fus, shti
Примери:
Одвај се впикаа сите во сопчето.

гнете повеќе

гнетат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се гнете) се натрупува, се турка, се пика
Албански: futet, rraset
Примери:
Народот се гнетеше во скривницата.

зариба повеќе

Види и: риба (несв.)
зарибат
Вид збор: Глагол, свршен
блокира, закочи, се закопа
Српски: зарибати
Употреба: Дијалектен збор , Технологија
Примери:
клипот зарибал

затести повеќе

(се) затестат
Вид збор: Глагол, свршен
се згусти, се збие
Албански: trash
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се затести народ пред црквата.

изнагнете повеќе

Види и: нагнете (св.)
изнагнетат
Вид збор: Глагол, свршен
Настава, наполни, нагнете нешто некаде.
Албански: rras, ndrydh
Примери:
Ја изнагнете волната во една вреќа.

испоначичка повеќе

испоначичкаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испоначичка) Се насобере, се натиска.
Албански: mbledh
Примери:
Се испоначичкавме сите во собата.

настиска повеќе

Види и: стиска (несв.)
настискаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се настиска) Се смести со стискање во тесен простор.
Албански: ngjeshem, ndrydhem
Примери:
Се настискаа во вагоните дури да не можат да мрднат.

натиска повеќе

натискаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се натиска) Се смести, се нагнете на мал простор.
Албански: ngjesh, rras
Примери:
Се натискаа во судницата да ја чујат пресудата.

натурка повеќе

натуркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со туркање нагнете, натиска.
Албански: fus me forcë, shtyj, rras
Примери:
Ги натуркаа сите во вагонот и ги затворија.