гнете
гнетат; гнети, гнетете; гнетев, гнетеа; гнетел; гнетен; гнетејќи; гнетов, гнетоа; гнел (несв.)
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 17008
1.
Става, полни нешто некаде со притискање, со гмечење.
Англиски:
stuff
Албански:
mbush, rras
Торбата ја гнетеше со алишта.
Слично со:
полни (несв.)
2.
Лакомо, ненаситно јаде, лапа.
Примери:
Залаците ги гнетеше едно по друго во устата.
Слично со:
лапа (несв.)
3.
Мачи, измачува, угнетува.
Англиски:
suppress
Албански:
shtyp, ndrydh
Го давиме, го гнетеме народот.
Слично со:
угнетува (несв.)
4.
(се гнете) се натрупува, се турка, се пика
Англиски:
jam
Албански:
futet, rraset
Народот се гнетеше во скривницата.
Слично со:
трупа (несв.)
Изведенки
гнетење ср.
глаг. им.
глаг. им.