joke - онтологија

виц повеќе

мн. вицеви
Вид збор: Именка, машки род
Шега, досетка, анегдота, смешна мала приказна.
Германски: Witz
Примери:
политички виц

досетка повеќе

мн. досетки
Вид збор: Именка, женски род
Духовит збор или забелешка, закачка, шега.
Примери:
Наеднаш се присети на некаква досетка.

дупачлак повеќе

мн. дупачлаци
Вид збор: Именка, машки род
потсмев, мајтап
Употреба: Разговорно
Примери:
Добар е за правење дупачлаци.

лакрдија повеќе

мн. лакрдии
Вид збор: Именка, женски род
шега
Албански: shaka, tallje
Употреба: Разговорно
Примери:
Вам ви дошло до лакрдии.

мајтап повеќе

мн. мајтапи
Вид збор: Именка, машки род
шега, подбив, потсмев
Турски: maytap
Употреба: Разговорно
Примери:
Си играат мајтап со него.

марифет повеќе

мн. марифети
Вид збор: Именка, машки род
шега
Албански: shaka, tallje
Употреба: Разговорно
Примери:
Цела вечер изведуваше марифети и ги смееше.

маскара повеќе

мн. маскари
Вид збор: Именка, женски род
шега, подбив
Турски: maskara Албански: maskara
Употреба: Разговорно
Примери:
Си правеше маскара со него.

мотаница повеќе

мн. мотаници
Вид збор: Именка, женски род
шега, подбив
Албански: tallje
Употреба: Разговорно
Примери:
Каква е оваа мотаница.

пеза повеќе

Вид збор: Именка, женски род
шега
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
(разг.) за пеза

смеа повеќе

мн. смеи
Вид збор: Именка, женски род
шега, виц
Примери:
Ги исцрпивме и прикаските и смеите, па легнавме да спиеме.

смешка повеќе

мн. смешки
Вид збор: Именка, женски род
Весела приказна.
Албански: mahi, shaka
Примери:
Расправаше смешки.

цепка повеќе

мн. цепки
Вид збор: Именка, женски род
смешка, шега
Употреба: Жаргонски збор

шака повеќе

мн. шаки
Вид збор: Именка, женски род
шега
Турски: şaka
Употреба: Разговорно
Примери:
Не знае за шака.

шашма повеќе

мн. шашми
Вид збор: Именка, женски род
забуна, шега, несериозно нешто
Турски: şaşmak
Употреба: Разговорно
Примери:
Таа прави само некои шашми.

шега повеќе

мн. шеги
Вид збор: Именка, женски род
Зборови кажани или постапка направена за смеа, за развеселување и сл.
Албански: shaka, mahi
Примери:
За сето време тој ни правеше шеги.
мала, ситна работа
Албански: hajgare, lojë
Примери:
Ова е шега за мене, со една рака ќе го кренам.

шенгуле повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
шега, подбив
Употреба: Разговорно
Примери:
Си игра шенгуле со детето.