justice - онтологија

правда повеќе

(едн.) правдата
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што секому припаѓа според определен закон или заслуга.
Албански: drejtësi
Употреба: Правда
Примери:
Министерство за правда.

правдина повеќе

мн. правдини
Вид збор: Именка, женски род
правда
Албански: drejtësi

праведност повеќе

Види и: праведен (прид.)
(едн.) праведноста
Вид збор: Именка, женски род
праведен
Примери:
чувство за праведност

правина повеќе

(едн.) правината
Вид збор: Именка, женски род
правда, правдина, справедливост
Примери:
Ќе излезе на видело правината што ја барам.

право повеќе

мн. права
Вид збор: Именка, среден род
(само едн.) Систем од правила и норми што ги регулираат односите меѓу луѓето и односите кон општеството, востановени од страна на владејачката класа или државата.
Албански: drejtësi
Употреба: Правда
Примери:
Римско право
Збир од закони и прописи што се однесуваат на државното уредување, општествениот живот и дејност.
Албански: e drejtë
Употреба: Правда
Примери:
Кривично право
Наука што ги изучува правните норми.
Албански: drejtësi
Употреба: Правда
Примери:
Студира право.

правосудство повеќе

(едн.) правосудството
Вид збор: Именка, среден род
Дејност, работа на судовите и на судските органи во една држава, во согласност со правните закони.
Албански: jurispondencë, drejtësi
Употреба: Правда
Примери:
Се бара вложување дополнителни напори во областа на правосудството.
Систем од органи што вршат судска дејност.
Албански: sistem juridik
Употреба: Правда
Примери:
И адвокатурата е дел од правосудството.