правосудство
(едн.) правосудството
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 18805
1.
Дејност, работа на судовите и на судските органи во една држава, во согласност со правните закони.
Примери:
Се бара вложување дополнителни напори во областа на правосудството.
Потребни се реформи во правосудството.
2.
Систем од органи што вршат судска дејност.
Примери:
И адвокатурата е дел од правосудството.