мн. клавиши
Вид збор: Именка, машки род
Подвижена пластична плочка или копче, што се притиска или удира cо прст за произведување звук или за придвижување на специјален механизам.
Примери:
Тој отиде кај пијаното и фати да преминува со прстите преку клавишите.
мн. клучеви
Вид збор: Именка, машки род
Метално орудие за заклучување и отклучување брави.
Примери:
Ги има клучевите од државната каса.
Направа за навивање часовник.
Примери:
Го зеде клучот и го нави ѕидниот часовник.
Орудие за оптегнување на струните на музички инструмент.
Примери:
Музичките инструменти имаат клучеви за штимање и свирење.
Систем на утврдени знаци за означување букви, бројки со помош на кои се читаат, одгатнуваат шифрирани текстови, шифри.
Музички знак на почетокот од нотниот систем што го определува тоналитетот.
Примери:
виолински клуч
клучни
Вид збор: Придавка
(Интернет пребарување), еден од зборовите кои се користат да се најдат соодветни страници
Примери:
клучен збор
мн. отвори
Вид збор: Именка, машки род
Клуч, направа за отворање врата.
Примери:
Отворот од земникот и беше врзан на појасот.
мн. тастери
Вид збор: Именка, машки род
Направа на која се отчукува некој сигнал или знак.
Копче со означен знак, бројка или буква на тастатура.
Примери:
тастер на тастатурата
мн. типки
Вид збор: Именка, женски род