а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

клуч

мн. клучеви
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 882
1. Метално орудие за заклучување и отклучување брави.
Англиски: key Албански: çelës
Примери:
Ги има клучевите од државната каса.
Таа слезе во дворот cо врзоп клучеви.
Со малиот клуч ја отвори дрвената кутија.
Тој има клуч и никогаш не ѕвони.
2. Назив за разновидни орудија со кои се отвораат и затвораат, се оптегнуваат, се навиваат различни предмети, механизми; алат за затегнување или одвртување делови од некој предмет.
Англиски: wrench Албански: çelës
Примери:
француски клуч
Со клучот ги одврти шрафовите на тркалото.
3. Направа за навивање часовник.
Англиски: key Албански: çelës
Примери:
Го зеде клучот и го нави ѕидниот часовник.
4. Орудие за оптегнување на струните на музички инструмент.
Англиски: key Албански: çelës
Употреба: Музика и танц
Примери:
Музичките инструменти имаат клучеви за штимање и свирење.
5. Систем на утврдени знаци за означување букви, бројки со помош на кои се читаат, одгатнуваат шифрирани текстови, шифри.
Англиски: key Албански: çelës
Употреба: Информатика
6. Утврден броен однос според кој меѓу членовите на некоја заедница cе одредува учеството во нешто; пропорција.
Англиски: ratio Албански: çelës, rotacion
Употреба: Преносно значење
Примери:
Изборите ќе се извршат по следниот клуч: еден одборник на илјада избирачи.
7. Средство, начин за решавање на некој проблем, за поcтигнување на некоја цел; решавачки фактор.
Англиски: solution Албански: çelës, zgjidhje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во тоа е клучот на целата тајна.
Тој ме праша во што е клучот на мојот успех.
8. Глужд, коскен зглоб.
Англиски: ankle Албански: nyjë
Употреба: Анатомија
Примери:
Некаков далечен умор му се завлече во клучовите над стапалата.
9. За течност - вриење, зовривање.
Англиски: boiling Албански: vlim
Употреба: Гастрономија
Примери:
Кога ќе фрли клуч, извади го од огнот.
силен клуч
10. Музички знак на почетокот од нотниот систем што го определува тоналитетот.
Англиски: key Албански: çelës
Употреба: Музика и танц
Примери:
виолински клуч
11. Направа која се користи за штимање гитара.
Употреба: Музика и танц
Примери:
штимерски клуч
12. (криптографија) Дел од информација кој ја контролира операцијата на алгоритам за енкрипција
Англиски: cypher
Употреба: Информатика
Примери:
енкрипционен клуч
Изрази
Држи под клуч - чува нешто заклучено, ограничува пристап до нешто.
Изведенки
1. клуче ср.
мн. клучиња
ср. дем.
2. клученце ср.
мн. клученца
ср. дем.