knead - онтологија

доизмеси повеќе

Види и: измеси (св.)
доизмесат
Вид збор: Глагол, свршен
Измеси сѐ што е предвидено, сите теста.
Албански: gatuaj në tërësi
Заврши, потроши тоа што е за месење.
Албански: gatuaj të gjitha

домеси повеќе

Види и: меси (несв.)
домесат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со месењето.
Примери:
Го домесив тестото.

замеси повеќе

замесат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да меси.
Албански: gatuaj
Примери:
Го замеси тестото со двете раце.
Направи тесто (од вода, брашно), подготви за печење (тесто).
Албански: gatuaj
Примери:
Бабата замеси зелник.

заплеска повеќе

Види и: плеска (несв.)
заплескаат
Вид збор: Глагол, свршен
Замеси тесто набрзина.
Албански: gatuaj, holloj
Употреба: Гастрономија
Примери:
Таа заплеска неколку погачи.

засука повеќе

засукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да сука тесто.
Албански: gatuaj
Употреба: Гастрономија
Примери:
Таа засука кора за баница.

измеси повеќе

Види и: меси (несв.)
измесат
Вид збор: Глагол, свршен
Со месење обработи тесто, тестен производ.
Албански: gatuaj
Примери:
Фурнаџијата убаво го измеси лебот и го стави да се пече.

месач повеќе

мн. месачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што меси.

меси повеќе

месат
Вид збор: Глагол, несвршен
Подготвува тесто од брашно, вода со гмечење.
Албански: gatuaj
Употреба: Гастрономија
Примери:
Меси леб.

намеси повеќе

намесат
Вид збор: Глагол, свршен
Меси во определено, во доволно големо количество или меси повеќе различни нешта.
Албански: gatuaj mjaft
(се намеси) Помине подолго време во месење, со месење се задоволи, се наработи.
Албански: gatuaj knaqem

премеси повеќе

Види и: измеси (св.)
премесат
Вид збор: Глагол, свршен
Повторно измеси.
Албански: rigatuaj
Употреба: Гастрономија
Примери:
Го премеси тестото.

проплеска повеќе

Види и: плеска (несв.)
проплескаат
Вид збор: Глагол, свршен
Измеси нешто на брзина.
Албански: zë, gatuaj
Употреба: Гастрономија
Примери:
Проплеска некое лепче да им прати на овчарите.
Со плескање истенчи нешто (тесто, кал, пластелин).
Албански: brumos
Примери:
Скулпторот ја проплеска малку глината пред да почне да ја обликува скулптурата.

размеси повеќе

Види и: меси (несв.)
размесат
Вид збор: Глагол, свршен
Промеша нешто густо, изгмечи.
Албански: gatuaj
Примери:
Ја размесив веќе глината.
Со месење направи тесто на лебови.
Албански: gatuaj, ngjesh
Употреба: Ботаника
Примери:
Го размеси лебот.

размесува повеќе

Види и: размеси (св.)
размесуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
размеси
Примери:
Сама меси, сама размесува.

суче повеќе

сучат
Вид збор: Глагол, несвршен
Танчи, развива, развлекува тесто со сукало, прави кора; за тесто - развива.
Албански: gatuaj
Употреба: Гастрономија
Примери:
Суче кори.

умеси повеќе

умесат
Вид збор: Глагол, свршен
меси
Употреба: Народна поезија