knowledge - онтологија

знаење повеќе

мн. знаења
Вид збор: Именка, среден род
Познавање на фактите од определена област, упатеност во определена област.
Албански: njohuri
Примери:
Интердисциплинарни знаења.

книга повеќе

мн. книги
Вид збор: Именка, женски род
учење, писменост, знаење
Албански: njohuri
Употреба: Разговорно
Примери:
Tој учел книга во Цариград.

наука повеќе

мн. науки
Вид збор: Именка, женски род
поука, поучување, опит
Албански: njohuri, dituri
Употреба: Архаизам
Примери:
Сета наука тогаш се состоеше во читање црковни книги.

писменост повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Вештина да се владее некоја наука и уметност.
Албански: njohuri, dituri
Употреба: Преносно значење
Примери:
Музичка писменост.

познание повеќе

Види и: спознание (ср.)
мн. познанија
Вид збор: Именка, среден род
познавање
Албански: njohuri

сознание повеќе

мн. сознанија
Вид збор: Именка, среден род
спознание
Албански: njohuri
Употреба: Книжевен збор

умеење повеќе

Види и: умее (несв.)
(едн.) умеењето
Вид збор: Именка, среден род
знаење
Албански: aftësi, dituri
Примери:
И, местејќи рамо под уво додека со дланка си ги покрил очите во птичје умеење да ја заштити главата со крило, заспал.

ученост повеќе

(едн.) ученоста
Вид збор: Именка, женски род
Знаење, високо знаење.