наука
мн. науки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1130
1.
Систем од знаења за законитостите во развојот на природата, општеството и на мислењето; одделна гранка од тие знаења.
Примери:
природни науки
егзактна наука
наука за јазикот
2.
поука, поучување, опит
Примери:
Сета наука тогаш се состоеше во читање црковни книги.
Се виде колкава била неговата наука.
3.
навик
Примери:
Таа наука, убаво да се облекува, ја прими од тебе.