layer - онтологија

дага повеќе

мн. даги
Вид збор: Именка, женски род
Слој, појас, обично во нива, земја и сл.
Албански: shtresë
Примери:
Имаше дага песок во нивата.

дипла повеќе

мн. дипли
Вид збор: Именка, женски род
пласт, слој
Албански: shtresë
Примери:
дипла од сено

кат повеќе

мн. катови
Вид збор: Именка, машки род
слој, ред
Турски: kat Албански: shtresë
Примери:
Носеше шајачен елек чии рабови се опшиени во три ката со гајтан.

катмер повеќе

мн. катмери
Вид збор: Именка, машки род
слој
Употреба: Разговорно
Примери:
Го нема ѓомлезецот твој - катмер од катмер да се изделува.

наслага повеќе

мн. наслаги
Вид збор: Именка, женски род
Слој руда, минерал во земјата.
Албански: shtresë
Употреба: Геологија
Примери:
Рудни наслаги.

наслојка повеќе

мн. наслојки
Вид збор: Именка, женски род
Слој или ред слоеви на некаков материјал во земјата.
Албански: shtresë
Одделни елементи, обележја наслоени во формирањето на една целост.
Албански: shtresë
Примери:
Културни наслојки.

пласт повеќе

мн. пластови
Вид збор: Именка, машки род
Куп исушено сено на ливада.
Албански: kope bari
Примери:
Пластови (пласје) сено.
слој, наслага
Албански: shtresë
Употреба: Геологија
Примери:
Пластови камен јаглен во земјата.

регија повеќе

мн. регии
Вид збор: Именка, женски род
слој
Албански: shtresë
Примери:
Регии со поголемо количество масно ткиво.

ред повеќе

мн. редови
Вид збор: Именка, машки род
ивица, пласт, кора
Албански: shtresë
Примери:
Еден ред компир, еден ред месо.

слој повеќе

мн. слоеви
Вид збор: Именка, машки род
Дел од некоја материја што се наоѓа по површината или меѓу други такви делови, пласт.
Албански: shtresë
Примери:
тенок слој маст