ред
мн. редови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 224
1.
Целокупност од предмети, лица расположени во една линија; во театар, кино, стадион - места за седење расположени во една линија; писмени знаци, букви во права линија.
Примери:
Убаво се гледаа два реда нови куќи.
Седеше во петтиот ред десно.
Само уште неколку реда да напишам (прочитам).
Слично со:
линија (ж.)
3.
(само едн.) На определен начин, еден по друг.
Примери:
Ги покани сите по ред.
Четири години со ред.
по азбучен ред
без ред
ред по ред
4.
(само едн.) Време за извршување на нешто што се прави од повеќемина; време, удобен случај за нешто.
Примери:
Си почекав дури ми дојде редот.
Сега е твој редот.
Ќе дојде ли ред и јас да се срадувам?
Ред е најпосле да фати да учи.
(прен.) Чини ред некому.
Слично со:
редослед (м.)
5.
(само едн.) Некое, обично значително количество од нешто, редица.
Примери:
ред прашања
Изнесе пред судот ред причини.
Слично со:
низа (ж.)
6.
(само едн.) Определен начин за извршување на нешто.
Примери:
домашен ред
Како што му е редот.
7.
Правила, норми што важат во извесни случаи.
Англиски:
rule
Албански:
rregull, rend
општествен ред
црковен ред
8.
(само едн.) редовност, исправност
Примери:
Да видам дали е сè во ред.
Стави, воведе ред.
(прен.) в ред
Се кладоа в ред.
9.
значење, важност, класификација, група
Англиски:
class
Албански:
rradhë, klasë
орден на трудот од прв ред
доаѓа во прв ред
спаѓа во редот на незаменливите
(прен.) во прв ред
10.
Целокупност од лица обединети со некакви односи со некаква организација, состав, средина.
Примери:
Во редовите на армијата.
Во редовите на партијата, на работничката класа.
(прен.) Во првите редови.
Сплоти редови.
11.
(само едн.) Систем на управа, строј, режим.
Англиски:
order
Албански:
rend, rregull
Се бореше чесно за подруг ред.
Изрази
Дневен ред - утвреден распоред на разгледување одделни прашања на некој состанок.
Збие редови - постигне единство пред некоја дејност.
Чита меѓу редови - ја сфаќа, разбира пораката што не е директно кажана.
Нека оди по редот - како утеха при сочувство.