listen - онтологија

вслуша повеќе

(се) вслушаат
Вид збор: Глагол, свршен
Внимателно се заслуша.
Примери:
Се вслуша во музиката.

доислуша повеќе

доислушаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ислуша се, до крај.

дослуша повеќе

Види и: слуша (несв.)
дослушаат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со слушањето, ислуша до крај.
Албански: dëgjoj deri në fund
Примери:
Тие внимателно го дослушаа предавањето на професорот.

дослушне повеќе

Види и: слушне (св.)
дослушнат
Вид збор: Глагол, свршен
Чуе со напор, чуе слабо.
Примери:
Се обидуваше да го дослушне нивниот разговор.

заслуша повеќе

заслушаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да слуша.
Албански: fillon të dëgjoj
Примери:
Тој седна на масата и го заслуша разговорот што се водеше.
(се заслуша) Почне да слуша внимателно.
Албански: dëgjon me kujdes
Примери:
Tој се заслуша во песната.

изнаслуша повеќе

Види и: наслуша (св.)
(се) изнаслушаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се наслуша доволно во голема мера, се наслуша сѐ и сешто.
Примери:
Гостите се изнаслушаа убави староградски песни.

наслуша повеќе

наслушаат
Вид збор: Глагол, свршен
Напрегне внимание нешто да чуе.
Албански: ndëgjoj
Примери:
Молчи и наслушај колку што можеш да чуеш.
(се наслуша) Помине долго време во слушање, се измори, се засити од слушање.
Албански: ndëgjoj mjaft

наслушне повеќе

Види и: наслуша (св.)
наслушнат
Вид збор: Глагол, свршен
наслуша

отслуша повеќе

Види и: слуша (несв.)
отслушаат
Вид збор: Глагол, свршен
Слуша до крај.
Примери:
За жал успеав да отслушам помал дел од настапите на учесниците.

подзаслуша повеќе

Види и: заслуша (св.)
подзаслушаат
Вид збор: Глагол, свршен
Заслуша малку повнимателно.
Примери:
Застана пред вратата и подзаслуша.
(се подзаслуша) Се заслуша малку повнимателно.
Примери:
Насреде пат застана и се подзаслуша во шумовите што доаѓаа од кај шумата.

почуе повеќе

почујат
Вид збор: Глагол, свршен
послуша
Примери:
А ако сакаш, почуј, немој солзи да те душат!

слуша повеќе

слушаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прима со слух гласови или звучи.
Српски: слушати Албански: dëgjoj Бугарски: слушам
Примери:
Слушаше како пеат пилињата.
(само заповедно) Обрат во почетокот на разговорот за привлекување на вниманието на собеседникот.
Албански: dëgjo
Употреба: Разговорно
Примери:
Слушај, ќе ја наредиме ние некако работата.

слушне повеќе

Види и: слуша (несв.)
слушнат
Вид збор: Глагол, свршен
Прими со сетило за слух - гласови, звуци или шумови.
Албански: dëgjoj
Примери:
Не слушна кога заѕвони будилникот.

сослушува повеќе

Види и: сослуша (св.)
сослушуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
ислушува
Албански: ndëgjoj
Употреба: Ретко

чува повеќе

чуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
слуша
Албански: dëgjoj
Употреба: Дијалектен збор
Примери: